Педофил на велосипед напаѓа во Чаир

Вчера во близина на основно училиште во Чаир педофил на велосипед  вознемирувал деца. Според очевидци, среде бел ден педофилот пред ОУ „Живко Брајковски“ им зборувал вулгарности на девојчињата, а некои и ги допирал. Манијакот истото го правел и пред продавница во близина, но веднаш се оддалечувал со велосипедот.
Тој предизвикал вистинска паника кај децата кои се пожалиле на своите родители, како и на наставниците. За случајот била информирана и полицијата.
– Во Полициска станица Чаир е пријавено дека на улицата “Хо Ши Мин“ машко лице со велосипед вознемирувало граѓани. Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот, велат од МВР.
Педофилот бил снимен на безбедносните камери на околните објекти, а од снимките може да се забележи дека станува збор за релативно младо лице.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.