Педро ја спаси Барса, Баерн се прошета низ Торино

Барселона и Баерн Минхен им се придружија на Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони.Барселона во двомечот не успеа да го победи Пари Сен Жермен, но благодарение на поголемиот број постигнати голови на гостински терен ќе игра во полуфиналето.Барселона и ПСЖ одиграа во реваншот 1:1, откако по првиот меч резултатот беше 2:2. Парижаните цели 70 минути имаа целосна контрола врз играта и резултатот, во првото полувреме неколку пати сериозно се заканија кон голот на Валдез но не успеаја да го совладаат. На почетокот од второто полувреме, во 50.минута Пасторе, по асистенцијата на Ибрахимовиќ му донесе предност на својот тим.Водството на противникот го натера Тито Виланова во игра да го внесе Лео Меси, чие влегување на теренот ја раздвижи играта на Барселона. Токму од Меси започна акцијата по која Барса го израмни резултатот, Аргентинцот во шеснаесетникот го проигра Виља кој топката му ја остави на Педро, а овој со одмерен удар го совлада Сиригу.Фудбалерите на Баерн и во реваншот го совладаа Јувентус, Баварците во Торино победија со 2:0, со ист резултат заврши и првиот натпревар.Фудбалерите на Јуп Хајнкес, од почетокот ја наметнаа својата игра, константно беа опасни кон голот на Буфон, а шансите ги материјализираа преку Манџукиќ во 64-та и Пизаро во 91-та минута.Полуфиналните двојки во Лигата на шампиони ќе бидат извлечени во петок во седиштето на УЕФА, во Нион.
МакфаксБарселона и Баерн Минхен им се придружија на Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во полуфиналето на фудбалската Лига на ша

Пронајдете не на следниве мрежи: