Денеска (11.02.2024) во 00.08 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје на Булевар „8-ми Септември”, патничко моторно возило „пежо” со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(34) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.