Делови од северозападна Индија и денеска погодени од многу високи температури, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи каде беше издадено предупредување за екстремни временски услови. Според индиската метеоролошка служба топлотниот бран на северот на земјата ќе продолжи и во следните неколку дена.
Во делови од Њу Делхи вчера беа забележани 47,1 степени Целзиусови.
Експертите се загрижени дека топлотниот бран за време на шестнеделните општи избори може да ги зголеми здравствените ризици бидејќи луѓето чекаат со часови да гласаат, а кандидатите одржуваат митинзи надвор.
Екстремните горештини станаа причина за здравствена криза во Индија, со повеќе од 150 регистрирани смртни случаи за време на топлотните бранови минатата година.