Пендаровски: Од што се плаши Мицкоски да излезе на претседателски избори ако е убеден дека водат на анкетите?

Во вечерашното интервју за „Клик плус” на ТВ 21 претседателот Пендаровски беше запрашан за став дали е потребно парламентарните и претседателските избори идната година да се одржат одвоено или заеднички на што тој истакна дека одлуката дали ќе се одржат предвремени парламентарни избори е на Собранието и е потребен политички договор околу датумите на одржување.

Во однос на барањето на опозицијата за идните избори да се одржат заеднички поради наводните тврдења за неизлезност, како и најавите за тивок бојкот од нивна страна, претседателот Пендаровски истакна дека доколку големите политички партии учествуваат на изборите тогаш ќе има излезност од над 40 %, и доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека нивната партија води на анкетите, тогаш не би се плашеле да излезат на избори кога и да се одржат, додаде претседателот Пендаровски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.