Пендаровски очекува победа во вториот круг

Актуелниот претседател на државата и кандидат на коалицијата предводена од СДСМ за претстојните претседателски избори, Стево Пендаровски на отворањето на Централниот штаб во Скопје истакна дека очекува во првиот круг гласовите да се поделат на повеќе страни, а во вториот да победи.

„Очекувам во првиот круг гласовите да се поделат на повеќе страни и не очекувам дека има некој било каква шанса да добие во првиот круг, меѓутоа во вториот очекувам да влезам и да ги добијам изборите на крајот“, вели Пендаровски.

Тој додаде дека на претстојните избори има седум кандидати, што е најмногу досега во македонската историја.

Пронајдете не на следниве мрежи: