Пендаровски на Фејсбук објави дека со Шоле разговарале за евроинтегративните процеси на земјава, за борбата против организираниот криминал и корупција, како и за ситуацијата во регионот.
Советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, требаше денеска, како што првично беше најавено од Стејт депратментот, да дојде во Скопје, но поради позитивен ковид-тест, ја одложи посетата по Нова година.
Шоле во земјава требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.
Освен Северна Макеоднија, во програмата на Шоле беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија. Целта на посетите, како што информираа од Стејт департментот, е да се нагласи трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот.