ПЕНДАРОВСКИ УТРЕ ЌЕ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДА НА ЗАЕВ
Во 2006-та и во 2016-та, тогашните претседавачи Стојан Андов и Трајко Вељаноски, го известиле шефот на државата дека Собранието е конституирано иако немало избран претседател.
Џафери се обидува да тактизира и да толкува според тоа како на ДУИ и одговара работата, но Пендаровски одговори преку соопштение:
– Претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен: За да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор. Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни политички опции – информираат од кај Пендаровски.
Со ова тој има можност според своја проценка, да го даде мандатот на оној кој смета дека може да состави Влада. Доверувањето на мандатот ќе се случи ден пред истекувањето на 10-дневниот рок, ако се смета од 4-ти август.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.