Пентагон официјално потврди: Американски воен брод и повеќе комерцијални бродови нападнати во Црвеното Море

Американски воен брод и неколку комерцијални бродови се нападнати денеска во Црвеното Море, соопшти Пентагон.

– Запознаени сме со извештаите за напади врз американскиот воен брод УСС Керни и комерцијални бродови во Црвеното Море и ќе обезбедиме информации кога ќе станат достапни, се вели во соопштението од Пентагон, без да се наведе од каде дошле нападите.

Нетанјаху: Израел се пресмета со Синвар, но војната не е завршена
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека војната на Блискиот Исток се уште не е завршена и дека палестинската милитантна група нема да …
Селекторот на Бразил го „издаде“ Нејмар кога ќе се врати на терен!
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Доривал Жуниор, го најави официјалното враќање на Нејмар на теренот по долгата пауза поради повреда. Бразилската ѕвезда за неколку дена ќе го одигра првиот натпревар во …

Пентагон се огласи откако претходно денеска, и британски товарен брод бил погоден од ракета во Црвеното Море во близина на брегот на Јемен.

Британската агенција за поморска безбедност (UKTMO), објави дека добила извештај за активност на беспилотни летала „во близина на Баб ел Мандеб, од правец на Јемен“. Активност на беспилотни летала е забележана во областа што ја дели Источна Африка од Арапскиот Полуостров.

Бунтовниците Хути во Јемен се заканија дека ќе ги напаѓаат бродовите на Израел и неговите сојузници во Црвеното Море, како одмазда за војната против палестинскиот Хамас во Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.