Русија многу внимателно ќе ги следи воените вежби „Платинест волк“ што Србија ги спроведува со САД и 10 други земји, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Што се однесува до наведените вежби, секако ќе ги следиме многу внимателно – одговори Песков на новинарското прашање дали Русија е загрижена од намерата на Србија да одржи воени вежби со САД.
Според него, притисокот врз Белград да усвои антируски став не престанува.
-Постојано се прави обид Србија да се стави на страната на оние кои се придржуваат до антируската позиција. Знаеме дека Белград е под огромен притисок, притисок без преседан – заклучи портпаролот на Кремљ.
Пронајдете не на следниве мрежи: