Песната „Динг донг вештерката е мртва“ хит во Британија

Смртта на поранешната премиерка на Велика Британија, Маргарет Тачер и повторно и донесе голема популарноста на една од песните од филмот „Волшебникот од Оз“.

Поранешната британска премиерка за време на животот предизвикуваше спротиставени мислења. Додека едни ја оплакуваат, други отворено се радуваат на нејзината смрт.Така песната „Динг донг вештерката е мртва“, која што Џуди Гарланд во улогата на главната хероина, девојчето Дороти ја пееше во славниот филм од 1939 година, за само 12 часа повторно стана популарна и се најде на 54 место на британската листа на хитови.Лондонски „Телеграф“ пишува дека се очекува веселата нумера да биде уште подобро рангирана со оглед на кампањата која се води преку Фејсбук.
Макфакс
Смртта на поранешната премиерка на Велика Британија, Маргарет Тачер и повторно и донесе голема

Пронајдете не на следниве мрежи: