Пет жртви од кои четири деца во пожар во Москва

Пет лица, меѓу кои четири деца, денеска загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во московската област Волоколамск. Во пожарот, кој избувнал на првиот кат, повредени се три лица, соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби.
Во несреќата загинале една 30-годишна жена и нејзиното тригодишно дете додека се обидувале да избегаат, но се задушиле од чад. Телата на уште три деца биле пронајдени во еден од становите кои биле зафатени со пожарот. Пожарникарите успеале да евакуираат 12 лица.
Пожарот избувнал околу 2:30 часот по локално време. До пристигнувањето на противпожарната служба, два стана веќе биле изгорени.
Во зградата имало 17 жители, а причината за пожарот сè уште не е позната.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.