Проблемот е следен – тој се плаши од вас. Но, ова не е ваша вина. Некои мажи, едноставно, не можат да се справат со силна, независна жена.
Понекогаш, дури и мажите што можат се срамежливи кога треба да ви пријдат.
Ако забележите некој од овие знаци кај мажите, тоа значи дека вие треба да го направите првиот чекор:
Тој флертува со вас, но никогаш не ве кани да излезете
Ова е класичен, но збунувачки знак. Зошто да се мачи со флертување, ако се плаши да ве покани да излезете?
Веројатно кога ќе види колку сте сигурни во себе, кога ќе види дека имате кариера и дека не може да ве освои со евтини трикови, се чувствува малку заплашено.
Тој е премногу нервозен
Нервозата не е ништо ново. Всушност, сите сме малку нервозни кога флертуваме со некој што ни се допаѓа.
Кога некое лице изгледа премногу нервозно, најверојатно чувствува и страв. Овој страв предизвикува и несигурност, па мажот веројатно ќе се откаже од идејата да ви пријде.
Не ве гледа во очи
Храбриот маж може да се обиде да разговара со вас. Проблемот е кога не сака да дознаете дека се плаши. Во тој случај, ќе избегнува контакт со очите.
Ова е всушност слатко – тој изгледа како срамежливо кутре кое се обидува да ви го привлече вниманието.
Се однесува љубоморно
Давањето саркастични забелешки за сè што ќе кажете е сигурен знак дека тој се чувствува заплашено. Тој, всушност, се обидува да ја минимизира вашата супериорност.
Тој е малку љубоморен и само сака да биде како вас. Некои мажи мислат дека ќе изгледаат подобро со ваквото однесување.
Ве гледа како конкуренција
Зборувате за прекрасното патување на кое бевте минатиот викенд, а тој веднаш одговара дека бил на уште подобро патување. Мора да смисли нешто поимпресивно од сè што ќе кажете.
Тој смета дека ќе изгледа добро на тој начин, па дури и како подобра личност од вас.