Ако сте претерале во новогодишната ноќ и треба брзо да се вратите „во нормала“, на располагање ви се пет природни средства против мамурлак, објави Индепендент. Иако не постои совршен лек за мамурлак, природата ни нуди потенцијални решенија за ублажување на таа состојба.
1 – Ѓумбир
Одамна се користи во киенската медицина како лек против мачнини и во 2016 година неговата медицинска вредност ја потврди и научно истражување. Шоља чај од ѓумбир со појадок е евтин начин да се постигна двојна „победа“: Да се надомести изгубената течност и да се смири желудникот. Во врела вода ставете два лажички ѓумбиров прав, половина сок од лимон и два лажички мед. Тоа е тоа.
2 – Лесен појадок
Иако можеби нема да саката појадок, откако алкохолот го пореметил нивото на шеќер во крвта, добро е „лесен“ појадок како овошје и житарки. Бананите и авокадото се одлични за обнова на телото по губењето електролити заради алкохолот.
3 – Екстракт од артичока
Ублажува чувство на надуеност и други пречки во системот за варење.
4 – Вода
Дури и умерено конзумирање алкохол води кон дехидрација, предизвикува главоболка, немоќ. По будењето треба веднаш да испиете чаша вода, а би требало да испиете и чаша вода спиење.
5 – Сон
За сонот нема замена, па пробајте да дремнете, ама немојте да заборавите да вклучите аларм за будење.