Пет причини зошто жените изневеруваат во долга врска

И мажите и жените се впуштаат во афери и изневеруваат во врска. Зад женското неверство, сметаат експертите, се кријат подлабоки и покомплицирани причини.
Ова се најчестите пет приочини зошто жените изневеруваат во долга врска:
Партнерот не го цени нивниот труд
Ваквите ситуации не се реткост – партнерот често не забележува колкав труд вложува другата страна, без разлика дали е тоа организација на некој важен настан за двојката или во сопствениот изглед. Емотивната потврда и чувството дека партнерот го цени нивното вложување во врската им е многу важно на жените. Ако тоа го нема, се насобираат фрустрации и незадоволство. Во такви ситуации е многу лесно жената да го побара и да го најде она што ѝ недостига и да се одлучи за неверство.


Одмаздата е слатка
Верувале или не, ова е една од најчестите причини поради кои жените изневеруваат. Жените кои се многу верни во врската најверојатно ќе изневерат ако партнерот прв им го скршил срцето. Не мора да значи дека мажот ги изневерил – одлуката за неверство од одмазда може да биде и резултат на лутина, огорченост и презаситеност од проблемите во врската на кои мажот не обрнува внимание.
Потрага по романса и интимност
Лесно е жената да се заљуби во маж кој знае да се додворува, кој е великодушен со неговото време и внимание, знае да слуша и не се плаши од неговите емоции. Како поминуваат годините поминати заедно и малите работи што некогаш ја правеле врската голема – избледуваат. Во еден момент жената може да помисли дека има и други мажи на светот кои би ги задоволиле нејзините желби и потреби и знаат како да ја „одржат искрата“. Ако дојде до тој степен, голема е веројатноста дека ќе се препушти на афера.
Врската умира
Без разлика колку го сака својот партнер, ако жената почувствува дека врската се гаси и дека ѝ се гледа крајот, може да побара замена уште пред да го напушти партнерот, најчесто за да го поднесе разделувањето полесно. Во овој случај најчесто се работи за личности кои се плашат да бидат сами и таа помисла ги води кон неверство. Посериозните жени ретко го бираат овој пат и сметаат дека влегувањето во нова врска пред да расчистат со старата може само да им го наруши мирот што толку многу им е потребен.
Подолго сексуално незадоволство во врската
Иако жените ретко изневеруваат за самиот секс, тоа ќе се случи ако подолго време се незадоволни од квалитетот или квантитетот на сексуалната врска со партнерот. До сексуално неверство може да дојде ако партнерот не сака да научи како да ја задоволи, се противи на пружање орален секс (а ужива во примање), одбегнува предигра, односот трае прекратко или непосветено, или во најлош случај, не покажува заинтересираност за секс без да даде објаснување за тоа, иако жената е очигледно заинтересирана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.