Петровска подготвена да биде носителка на пратеничките листи на СДСМ, но и воопшто да не се најде на нив


Во одговор на новинарско прашање министерката појаснува дека не е неамбициозна, туку, како што вели, СДСМ треба да направи проценка за тоа кои имиња ќе се најдат на пратеничките листи за да се донесат подобри резултати за партијата

Подготвеност да биде носителка на пратеничките листи на СДСМ на парламентарните избори, но и нејзиното име воопшто да не се најде на нив, денеска изрази министерката за одбрана Славјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање дали би била дел од водечките позиции во изборните единици на изборите.

Славјанка Петровска, министерка за одбрана / Фото: „360 степени“

Во одговор на новинарско прашање таа појаснува дека не е неамбициозна, туку, како што вели, СДСМ треба да направи проценка за тоа кои имиња ќе се најдат на пратеничките листи за да се донесат подобри резултати за партијата.

„Таа одлука сè уште не е донесена во рамките на партијата. Како што многу пати и досега одговорив, јас сум подготвена, ако е проценката направена, да бидам и носител или на избор на листа да бидам пратеник, а можам да не бидам воопшто. Она што досега го правам на сите позиции на коишто сум била назначена е да ги извршувам професионално и одговорно и секогаш да дадам придонес за државата“,

одговара Петровска на новинарско прашање.

Во последното магазинско издание од 7 март, „360 степени“ објави анализа на имињата на можните носители на партиските листи во секоја изборна единица поединечно. Министерката за одбрана Славјанка Петровска се очекува да биде прва на листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 6 заедно со првиот човек на Социјалдемократската младина (СДММ), Марко Михаиловски, како коносител на листата.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: