Петровска: Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ!

Се уште актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, во изјава за „Фокус“ вели дека размислува да влезе во трка за нов претседател на СДСМ, откако Димитар Ковачевски најави внатрешни избори после изборниот неуспех.

–Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ, но конечната одлука ќе ја донесам откако ќе биде започната постапката – ни изјави Петровска.

Инаку, според информации од СДСМ, од утре треба да почнат состаноци на партиското раководство и на партиските органи, по кои треба да се закаже отчетниот Конгрес на партијата, а потоа и да се спроведат внатрепартиските избори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.