„Чавка на чавка очи не вади. Се е ова фарса која не гледам како е се разреши, доколк сите судии не се распушптат и изберат нови. Судиите се корумпирани, исто како и политичарите.“ – изјави во вечерашната 24 анализа со Сеад Ризвановиќ, Филип Петровски.
Тој потенцираше дека е подобро никого да не гонат, туку на сите да им се даде амнестија. Треба да се смени комплетно сето судство, зошто државата е во распад. За Патровски, најголема комедија била продажбата на Мерцедесот, во кој сега Заев се вози, а и се стишала ситуацијата со аферата „Рекет“, за која смета дека е се заташка, а народот сака да види разрешница
„Дали некои тие пари ги однел во владата? Каде завршиле тие ташни? Видовме и како СЈО заврши.“ – праша Петровски.
Тој смета дека и политичарите се корумпирани, а аферата „Рекет“ е најдобар доказ за тоа и обвинителките од СЈО ги нарече Чарлиевите ангели, заради ташните од 5000 евра. Смета дека има прогон на луѓето, како што се обвинетите од 27 април кои се неправедно осудени.
„Обвинителката во каква релација е со Заев?“ – праша Петровски.
Тој го праша Ангелов дали знае дека гласањето на Џафери за во Собранието на 27 април било незаконски и дека не бил избран на законска седница и дека тој момент го нарече државен удар и народот влегол а да го пречи.
„Дури турската империја направи целосна амнестија на народот по Илинденското востание, а сега тоа го нема, сега е полошо.“ – потенцираше Петровски.
Во однос на промената на името, Петровски смета дека тоа не смеело да помине и дека неговата партија имала идеолошка цел да го спречи тоа. тој ги повикувал јавно сите пратеници да го напуштат Парламентот, а тие тоа не го направиле. Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ чека Заев да се излизгла и ќе добијат поени.
„Заев нема премиерски капацитети и личи на човек кој седи во таа фотелја и ги забавува луѓето.“ – рече Петровски.
Тој смета дека Заев станал премиер со изгубени избори и дека послужил само како марионета, зошто меѓународната заедница барала таков човек кој не можел да одбие барања.
Повеќе за ставовите на д-р Филип Петровски ТУКА
Сајтот на д-р Филип Петровски ТУКА
Биографија на д-р Филип Петровски ТУКА
Сите текстови на Филип Петровски на нашиот сајт ТУКА
Линкови до книгите, трудовите и публикациите на д-р Филип Петровски во Вашингтонската конгресна библиотека ТУКА