Петровски: Заев за формирање на неговата нова влада , најголема благодарност му должи на Христијан Мицкоски.
Интегрален текст од Прес конференција на д-р Филип Петровски, дел од конгресмените кои повикуваат да се утврди одговорност за катастрофалниот пораз на Мицковски.
Зоран Заев за формирање на неговата нова влада , најголема благодарност му должи на Христијан Мицкоски. Мицкоски да беше барем малку политички мудар, Зоран Заев немаше да стане премиер по втор пат. Со Мицкоски на чело како “шпицен” кандидат , ВМРО-ДПМНЕ промаши пенал на празен гол.
Денес во Собранието на Република Македонија се бира Влада. За жал не се бира таа Влада за која што Извршниот и Централниот Комитет на партијата го овластија Христијан Мицкоски да ја преговара и договори. Се бира уште една влада на СДСМ.
Тоа е уште еден пораз во низата. После загубените Претседателски и Парламентарни избори, Мицкоски ја загуби и битката за формирање на влада.
Доста е веќе од порази. Доста е веќе од лаги со кои поразите се претставуваат како победи и се навредува интелигенцијата на членството. Формирањето на влада на СДСМ не може во никој случај да биде победа.
ВМРО ДПМНЕ знае што значи победа и победување. Затоа одговорност мора да има. Јаловите и бледи настапи во Собранието на пулените и пајташите на Мицковски не можат никако да бидат замена. Вистинскиот и единствениот пат за да застане ВМРО-ДПМНЕ на цврсти нозе и да почне да победува е одржување на вонреден конгрес и избор на ново раководство. Само така ќе ја запреме агонијата на партијата што секојдневно ја гледаме.
Прочитајте уште и:
Петровски: Нема ниедна причина за Мицковски да не поднесе оставка по поразот
Раководството не смее повеќе да живее во стаклено ѕвоно. Мора да почне да го слуша членството. Затоа пак ќе порачаме, престанете со апсурдните оправдувања дека не сте добиле формално барање за свокување на конгрес. Ниту некој формално го бараше тоа од Груевски, ниту некој формално го бараше тоа од Георгиевски. После секој пораз, треба соочување со реалноста и преземање на одговорност.
Бараме вонреден конгрес на кој што сите заедно ќе избереме ново раководство. За добро на партијата и за добро на Македонија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.