Лицата осудени за настаните на 27 април постојано се залажувани од страна на Христијан Мицкоски пред секоја кампања за да дадат поддршка, а сега не сака ниту судските трошоци да најде начин да ги плати, истакна во денешната епизода на Тешки муабети, Филип Петровски.
– Изворно знам дека на тие луѓе им е верувано дека кога ќе стане премиер, шпицниот премиер ќе ги ослободи, што не е возможно, ама е возможно да се бара амнестија, да се бара повторување на судењето, да се поднесе Закон за амнестија.
Зошто не го направат тоа? – прашува Петровски.
Александар Митовски потсети на лидерската средба во Собранието, на која Мицкоски одбил да разговара за изнаоѓање на решение за осудените, повторување на судењето или аместија. Дури и премиерот Ковачевски се согласил дека е потребно да се прекине со прогонот, но не и Мицкоски.
Митовски потсетува дека претходно на две лидерски средби Мицкоски исто така одбил да разговара на таа тема.
– Најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да соберат пари и да ги платат овие казни за да не треба луѓето да долежуваат затвор околу сто дена плус! По штабови пуштаат муабет дека ги помагале тие луѓе, ова е реалноста, ако се плаќале тие троѓоци навреме лани не би дошло до ова извршно решение.
Лани на митинзи зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стои позади овие луѓе, ако вистински стоел Мицкоски позади нив ќе го немало извршното решение. И во право си дека ги тераа да пишуваат фермани за поддршка на Мицкоски, им се јавувал Мицкоски ги терал да се откажат од Инфомакс, затоа што не го поддржуваме. Криминалци не поддржуваме! – нагласи Митовски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.