Кошаркарите на Црвена звезда дојдоа до деветтата победа во 17. меч сезонава во Евролигата, откако иако беа драстично ослабени, сепак, ја добија драмата на гостувањето кај Валенсија (77-75).
Црвено-белите настапија без Вилдоза, Ивановиќ, Мартин како и нерегистрираниот Кампацо, но и покрај тоа доминираа во текот на целиот меч, а во финишот излегоа поснаодливи во пенал-завршницата. Херој на вечерта беше Филип Петрушев, кој мечот го заврши со 25 поени и девет скока. За одбележување е и демолирањето на Реал Мадрид врз Макаби Тел Авив (98-65), додека домашни победи остварија и Анадолу Ефес против Асвел (78-72) односно Олимпијакос против Армани џинс (82-66).