Ккао што посочи таа во ВМРО-ДПМНЕ ништо не било променето, а секој глас, според неа, за ДПМНЕ е глас за враќање назад, за вдомување на партиски кадри и роднини и пријатели на избраните функционери на партијата
Скандал со непотизам во општина Охрид, објави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), посочувајќи дека актуелниот градоначалник Кирил Пецаков вработил роднини, пријатели, фамилијарни во државните институции во тој регион.
„Ова е шемата на непотизмот на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид: Кумот на градоначалникот Пецаков, Сашо Донев е претседател на општинскиот коитет на ДПМНЕ во Охрид. Сестрата на неговата сопруга Билјана е вработена во општинскиот центар ‘Свети Наум Охридски‘. Александар Китевски е близок со Пецаков и моментално е секретар во општина Охрид. Неговата сопруга Елена Китеска е вработена во основното училиште ‘Кочо Рацин‘. И Нејзината сестра е вработена во институција под надлежност на општина Охрид ЈП ‘Охридски комуналец“. Роднина на Китески, Ристе е правен застапник на истото претпријатие и претседател на ГРХ „Охрид“ А.Д. Кумашинката на Китески, Ана Србиновска, пак, е вработена во општината, а кумашинот Андоновски е директорт на ЈП „Билјанини извори“,
рече Кузеска.
Според неа, долга е листата на непотизмот, како што вели на и на Кирил Пецаков во Охрид.
„Директор на ЈП ‘Охридски комуналец’ Сашо Најдовски е исто така пријател на Пецаков. Кумашинката Оливера работи во истото претпријатие. Баџанакот Душко Шајноски е на раководна позиција во ова претпријатие. Илија Арнаудоски е поранешен претседател на месниот комитет на ДПМНЕ во Велгошти и вработен во Капетанијата. Неговата сопруга Ангела е вработена во општина Охрид. Секретар на општинскиот комитет на ДПМНЕ е Коста Арнаудов. Негова сопруга е вработена во ЈП ‘Водовод‘. Раководителот за Урбанизам ја унапреди сопругата во раководител на празната служба во општината Охрид. Вујкото на Пецаков, градоначалникот на Охрид е вработен на ЈП ‘Нискоградба‘ Охрид“,
вели портпаролската на СДСМ.
Ккао што посочи таа во ВМРО-ДПМНЕ ништо не било променето, а секој глас, според неа, за ДПМНЕ е глас за враќање назад, за вдомување на партиски кадри и роднини и пријатели на избраните функционери на партијата.