Пејачката Индира Арадиновиќ позната како Инди, неодамна се пофали на Инстаграм дека после долгата борба со килограмите, конечно успеала линијата да ја доведе до совршенство.
Бидејќи ги следи светските трендови, ѕвездата сега одлучи да одговори на фамозниот предизвик #10yearchallenge и објави фотографија од пред една деценија, која ја спореди со тоа како изгледа денес.
Додека едни сметаат дека некогаш била само мачка, а денес е лавица, други се убедени дека природниот изглед поубаво ѝ прилега.
Најголем дел од коментарите се негативни, токму поради големиот број на зафати кои ги направила изминативе години.