Повторно во одлично издание: Пејачката се појавила во впечатлив мантил фустан, но целиот фокус бил насочен кон нејзините нозе

Селин Дион не престанува да ги воодушевува модните експерти со своите изданија во кои се појавува во последните две години.
Пејачката сè уште е многу успешна во својата кариера – таа неодамна издаде нов албум и моментално се наоѓа на светска турнеја каде не останува незабележана од страна на модните списанија.


Дион моментално се наоѓа во Њујорк поради деловни обврски, а била фотографирана пред хотел, еден ден по нејзиниот концерт. Музичката ѕвезда привлекла огромно внимание во медиумите поради модната комбинација – мантил фустан со крагна и со исклучително впечатлив цветен дезен. Но, целиот фокус бил ставен на нејзините хулахопки со ист дезен.
Станува збор за стајлинг кој доаѓа од специјалната колекција за есен/зима 2020 со потпис на “Moncler x Richard Quinn”.
Во продолжение погледнете и неколку други генијални изданија на Селин Дион:

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.