Пике фатен како излегува од домот на Шакира, не ја тргнува насмевката од лицето

Прозивките кои се одвиваа со денови меѓу Шакира и Пике, по нивната разделба, се оставени на страна.

Фудбалерот е фатен како излегува од поранешниот семеен дом со насмевка на лицето.
Како што пишуваат светските медиуми, Шакира и Пике се сретнале за да го прослават 10-роденден на својот син Милан. Пејачката во домот организирала прослава со блиски пријатели и членови на семејството.

Пике фатен како излегува од домот на Шакира, не ја тргнува насмевката од лицето

По прославата, Пике ги земал синовите за да помине неколку денови со нив, а папараците ги фотографирале додека излегувале со автомобилот од куќата.
Во домот во кој до скоро живееше со Шакира, Пике наводно влегол преку куќата на неговите родители со која делат заеднички простории.
Парот објави дека се разделува по 11 години во јуни 2022 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.