Пилешко на индиски начин

Состојки:
– 1 пиле
– 1/3 шолја масло
– 1/5 шолја ситно сецкан целер
– 1/3 шолја црвен кромид
– 1 лажичка кари
– 1 поголемо јаболко
– пиперки
– чери домати
– 2/3 шолји врела вода
– сол, бибер
– црвен пипер
Подготовка:
Исчистеното пиле исечете го на парчиња, додадете сол и лесно пропржете го на масло додека не добие златно-жолта боја.
Во преостанатото масло испржете ги целерот и кромидот. Додадете ги сите други состојки освен водата, покријте ги и оставете ги да се крчкаат околу 30 минути.
Додадете ги пилешкото и водата, покријте и варете додека месото не омекне.
Готовото јадење послужете го со варен ориз или рижото.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.