За ручек ви предлагаме да направите совршено пилешко со четири видови сирења и кашкавали. Преубав вкус, а подготовката никогаш полесна кога станува збор за ваков тип на јадење.
Пилешко куатро формаџи, или четири сирења, се служи во многу познати ресторани ширум светот, но лесно може да се направи и дома. Сѐ што ви треба е пилешко месо, а наш избор се копак и докопан, потоа сирења и павлака за готвење. Зачини можете да користите по желба. Пилешкото со 4 сирења е одличен предлог за ручек, а се подготвува лесно.
Потребни состојки:
4-5 копани и докопани
1 лажичка оригано
4-5 чешниња лук
½ мала главица кромид
100 мл вода
250 мл павлака за готвење
малку свеж босилок
50 гр моцарела
50 гр пармезан
50 гр тврди сирење
50 гр горгонзола
масло
сол
бибер
Подготовка:
Во тава сипајте малку масло, па откако ќе се загрее додадете го месото. Посолете и побиберете, па посипете оригано. Потоа додадете крупно сечкан лук. Додадете и сечкан кромид, па пржете додека месото и лукот не променат боја. Сипете малку вода, па динстајте уште десетина минути. Потоа додадете павлака за готвење, па промешајте. Додадете крупни парчиња сирења и сечкан босилок, па одново промешајте. Крчкајте додека сирењата не се растопат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.