Пилот на авион загина, а шестмина патници го преживеаја падот на помал авион при слетување на аеродром во Сао Паоло.
Страотната несреќа се случи во неделата навечер, а како што пренесуваат медиумите, пилотот буквално изгорел во кабината, цело време довикувајќи помош.
Кога спасувачите стигнале, веќе било доцна, а пилотот починал од ужасни изгореници.
Во тек е обемна истрага која би требало да утврди зошто дошло до пад на леталото. Според првичните информации, добро не работела опремата за слетување.