Писториус може повторно да се натпреварува

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус на кого му се суди за убиство, доби дозвола да патува и да се натпреварува во странство.

Адвокатите на прославениот параолимпиец, претходно ја обжалија одлуката на судот со која на Писториус му беше забрането да патува. Судијата Берт Рем рекол дека Писториус мора да ги извести надлежните органи неколку недели порано, доколку планира да патува во странство. Исто така тој по враќањето во земјата ќе мора на судот да му го врати пасошот најдоцна во рок од 24 часа. Адвокатите на Писториус рекле дека тој во моментов нема планови повторно да се натпреварува, но дека наскоро можеби ќе мора да се појавува на натпреварувањата за да заработи пари. Писториус на 14.февруари оваа година, во својот дом во Преторија ја уби својата девојка Рива Стенкамп. Осум дена подоцна тој со кауција беше пуштен да се брани од слобода. Параолимпиецот тврди дека немал намера да ја убие Стенкамп, додека обвинителството останува при ставот дека се работи за убиство со предумисла. Писториус пред судот повторно ќе се појави на 4.јуни.
Макфакс
Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус на кого му се суди за убиство, доби дозвола да пат

Пронајдете не на следниве мрежи: