Пита за 5 МИНУТИ? МОЖЕ! Најбрзото солено јадење совршено и за појадок и за вечера

Не сакате да поминувате многу време во кујната и да јадете нешто што брзо ќе ве засити? Нема проблем – оваа пита со сирење е сѐ што ви треба!
Ако имате пет минути, имате време да го направите ова домашно печиво што може да стои на редот а пити за кои се вложува многу повеќе време и материјал.
СОСТОЈКИ:
пакување готови кори за пита
1 чаша кисела павлака
килограм урда
2 цели јајца
50 милилитри масло
200 милилитри кисела вода
грст босилек
1 кеса прашок за пециво
1 лажица сол (2/3 или дури половина лажица ако сирењето е солено)
ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Изматете ги јајцата добро во длабок сад, потоа додадете кисела павлака, минерална вода, масло и сол. Земете ги корите за пита и исецкајте ги преку оваа смеса. Измешајте сѐ добро.
Истурете ја смесата во подмачкана и длабока тава. Поросете со босилек.
Печете околу 45 минути и сервирајте топло, со јогурт и уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.