Наташа Беквалац на голема врата и се врати на музиката по страшниот период во семејството.
Пејачката во изјава за српски „Ало“ говори за љубовта, но и најголемите пијанства, не криејќи дека ја научила лекцијата.
Таа вели дека токму нејзината песна „Прва во пиење“ говори за тоа, но дека не е секогаш прва кога се работи за чашката.
-Се сеќавам на едно мое пијанство, тоа беше крајот на средното училиште и од тој момент водката ми се гади. Кога ќе видам водка, ми се повраќа токму поради тоа. Тогаш ја мешав со боровница, па сега веќе ни сок од боровница не пијам, вели Наташа која открила што најчесто прави кога ќе ја „фати“ чашката.
-Наздравувам за убави моменти кои ќе ми случат во текот на денот. Велат дека природата на човекот се запознава преку пијанството, по принципот „Што трезен мисли, пијан говори“. Кога ќе испијам некоја чаша повеќе, сум многу весела и само се смејам. Велат и дека мног ги гушкам луѓето и сум груба во тоа гушкање, открила за „Ало“ Беквалац која додала дека најблиските кога пие и го одземаат мобилниот телефон.
Блиските се одлучуваат на ваков чекор, бидејќи како што вели таа, некои утра знаеле да бидат кобни за неа откако ќе ги видела пораките и повиците.