Планинарите прашуваат: Подобро ли е 100 луѓе во маркет или двајца на планина?

Планинарите прашуваат: Подобро ли е 100 луѓе во маркет или двајца на планина?

Одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за забрана за движење низ шума и шумско земјиште која стартуваше од денеска наиде на сериозни реакции од планинарите и љубителите на природата од нашата земја.

И се чини дека и ние треба да го поставиме јавно прашањето за логиката на ваквата одлука кога ако некаде се шири заразата тоа се маркетите и банките каде што нема никаков ред, не по вина на граѓаните…

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, која ја предводи Јовица Угриновски реагираше: „Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ) е крајно изненадена и разочарана од вашата избрзана, необмислена и нерационална одлука целосно да се забрани движењето на граѓаните во природа и во шумите кои се национално богатство и им припаѓаат на сите граѓани. Причината која е наведена за донесување на ваквата одлука е крајно нерационална со оглед дека месец април и мај се највлажните месеци во годината, а на повеќето планини се уште има снег“, се вели во официјалното соопштение на ФПСМ.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Позитивна на корора вирусот е вработена во Геријатријата во Ѓорче Петров

СЛУШАЈТЕ РАДИО СО НАС:

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.