Планирате патување во ЕУ: Еве колку пари треба да понесете со вас

Сите членки на ЕУ имаат утврдено минимален износ за престој во нивната земја и тоа по ден, па така за во Франција тоа е 120 евра по ден. Со толку пари дневно треба да располагате за да престојувате во земјата. Инаку граничните полицајци имаат право да ви забранат влез во земјата ако оваа обврска не ја исполнувате.
Но, откако азиланти и мигранти тргнаа кон Европа, одредени земји ги заострија контролите.
Романците се строги и не прифаќаат банкарски гаранции и картички, туку строго готовина.
За влез во Хрватска се потребни 70, а во Унгарија 30 евра по ден. За влез во Германија се бараат 45 евра дневно, а за Италија колку е подолг престојот, износот е помал и за престој од пет дена ќе треба да имате 280 евра.


Инаку сезоната на летни одмори е веќе започната, па доколку патувате во странство освен пари, неопходно е два пати да ја проверите датата за истекување на важноста на пасошот.
Причината за тоа е што во земјите на ЕУ, различно се пресметува важноста на пасошот, бидејќи во спротивно може да бидете вратени назад од граница. Во ЕУ земјите може да патувате ако до истекот на пасошот останале уште три месеци, но не од датумот на патување, туку датумот на враќање во земјата.
Што се однесува до земји кои се надвор од ЕУ зоната, патната исправа треба да важи најмалку 150 дена, односно 6 месеци од денот на одење во Тунис и Египет. Детските пасоши имаат пократок рок на траење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.