Пленковиќ најави силна владина интервенција за тие кои ги зголемиле цените во процесот на замена на куната со евро.
-Некои трговски друштва ја искористија конверзијата за неоправдано да ги зголемат цените, за што нема никаква причина и оправдување, бидејќи тоа се прави без надомест, рече Пленковиќ на владина седница.
Пленковиќ рече дека Владата ги задолжила сите надлежни ресори да го засилат надзорот на стопанските субјекти, а Министерството за економија да ги преземе сите мерки за собирање целосни и точни информации за движењето и следењето на цените.
Најави дека сите служби ќе излезат на терен за да се „исправи се што прават неодговорни поединци, без никаква причина“.
– Зголемувањето на цените, фрлањето сенка врз воведувањето на еврото и придонесувањето за инфлација е неправедна практика и нема да успее, додаде Пленковиќ.