Овие плескавички се подготвуваат лесно и брзо, а се одличен избор за оброк за време на велигденските пости.
Состојки:
2 чаши ориз
2 чаши грашок
1 главица кромид
10 лажици презла
сол, црн бибер, магданос
Подготовка:
Оризот и грашокот сварете ги, измешајте ги заедно, па испасирајте. Кромидот исецкајте го ситно и додадете во смесата. Потоа, додадете ја презлата и зачините. Мешајте да се добие изедначена смеса од која може да правите плескавици без да лепи.
За подобро обликување на плескавичките натопувајте ги рацете со вода. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, 20-25 минути, во плех обложен со хартија за печење за да не мора да додавате масло.