Косовската влада додели по 100 евра како еднократна дополнителна помош за пензионерите и децата на возраст од 0 до 16 години, објави КосоваПрес.
Ова вчера на прес-конференција го потврдија косовскиот премиер Албин Курти и косовскиот министер за финансии Хекуран Мурати.
Според Курти, ова не е само подарок за крајот на годината, туку и инвестиција за благосостојбата на децата во Косово, без разлика на нивната етничка припадност, како и поддршка за пензионерите.
Косовскиот министер за финансии додаде дека за добивање на еднократната дополнителна помош не е потребно да се поднесуваат документи, бидејќи податоците на оние кои ќе имаат корист од неа веќе се во базата на податоци на косовската влада.
Ова е петта помош за пензионерите во рамките на мандатот на владата на Курти (од 2021 година), потсетува агенцијата.