Пресудата за тројцата обвинети за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот денеска беше изречена во Кривичниот суд во Скопје.
Судот ги прогласи сите тројца за виновни за „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Анџело Ѓоргиевски е осуден на 18 години затворска казна во која се засметува времето поминато во притвор.
Клементина Левковска е осудена на затворска казна од 18 години во која се засметува времето поминато во притвор.
Андреј Костовски осуден на 16 години затворска казна во која се засметува времето поминато во притвор
За случајот без одржани десет рочишта, а процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.