По 35 години, АББА снимаат нова песна

Групата „АBBA“ денес објави дека на публиката ќе и понуди нови песни, прв пат откако во 1983 година престана да постои.

Шведскиот квартет кој имаше огромна популарност ширум светот  и кој продаде над стотина милиони плочи, објави на Инстаграм дека снимил две нови песни за проект во кој аватари на членовите на групата ќе ги изведуваат песните, пренесува Гардијан.

-Одлуката да направиме АББА проект со аватари имаше неочекувани последици. Сите почувствувавме дека по 35 години беше забавно повторно да ги здружиме силите и да влеземе во студио. Почувствувавме како времето да било застанато и дека сме биле на кус одмор. Исклучително радосно искуство. Можеби сме остареле, но песната е ноца. И чувството е добро, пишува на Инстаграм.

Една од двете нови снимени песни „I Still Have Faith in You“ ќе биде емитувана во декември на еден ТВ специјал.

Членот на групата минатата недела откри детали од споменатиот проект.

Главната точка на двочасовната програма, во соработка со Ен-Би-Си и Би-Би-Си подразбира бенд кој ќе настапува преку компјутерски аватари. Бјорн нагласил дека бендот е дигитално скениран и подмладен за да изгледа како да е од 1979 година кога биле на својата трета и последна турнеја. Аватарите потоа, следната година ќе тргнат на светска турнеја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.