Во саботата Русија го изврши својот прв ракетен напад врз главниот град на Украина, Киев, и околниот регион по неколку недели и ги нападна источниот и јужниот дел на земјата со беспилотни летала, соопштија украинските власти.
Првиот човек на воената управа на градот Киев, Серхиј Попко, изјави дека околу 8 часот наутро била лансирана руска балистичка ракета кон главниот град.
- Невреме со силен ветер и грмотевици
- Чешка: Десничарите-популисти на милијардерот Бабиш ја потврдија изборната победа
- Петдневна жалост во Иран по убиството на Насрала
- Сообраќајка меѓу тинејџер со автомобил и 72 годишник со електричен тротинет
- Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
- Сообраќајка на патот Тетово-Скопје, едно лице починало на лице место
- Ја убил сопругата, со недели спиел покрај нејзиното тело и ги лажел соседите дека е жива
- Насралах беше централен мотор на иранската оска на злото – порача Нетанјаху по смртта на лидерот на Хезболах и потврди оти Израел стои зад убиството
- „Пацифичка ракетна криза“: Американскиот систем „Тајфон“ нишани кон Кина од Филипините
„По долга пауза од 52 дена, непријателот продолжи со ракетните напади врз Киев“, вели Серхиј Попко во објава на социјалната мрежа Телеграм.
„Ракетата не успеа да стигне до Киев, против-воздушната одбрана ја собори додека се приближуваше до главниот град“, тврди Серхиј Попко.
Серхиј Попко вели дека во главниот град нема жртви или поголеми штети.
Руслан Кравченко, регионален гувернер на централниот регион Киев, вели дека се оштетени пет приватни куќи и неколку деловни згради во областа. Тој кажа дека две руски ракети го погодиле полето меѓу населбите.
Украинската воздушна одбрана собори и 19 беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство од 31 лансирани од руските сили во ноќен напад врз јужните и источните региони, се вели во соопштението на воздухопловните сили.
Олех Кипер, регионалниот гувернер на Одеса, кажа дека јужниот регион бил нападнат со проектили и беспилотни летала во петокот навечер и во текот на ноќта.
„Во нападите се ранети три лица, а оштетени се и пристанишните инфраструктурни објекти“, објави тој, без да даде дополнителни детали.
Русија го засили бомбардирањето на украинските пристаништа, вклучително и Одеса, и житната инфраструктура од јули кога Москва се повлече од Црноморската иницијатива за жито, договор за време на војната што му овозможи на украинскиот извоз да стигне до многу земји кои се соочуваат со закана од глад.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.