Денес претседателот на Собранието, Талат Џафери информираше дека првата наредна седница на која би се гласало за одземање на мандатот на поранешниот премиер, Никола Груевски би се одржала по 7 јуни, а доколку стаса предлог од премиерот Заев би се избрале и нови министри. На средба со новинарите Џафери истакна дека од формален аспект нема пречки двете точки да бидат ставени на иста седница.
Во однос на Законот за Јавното обвинителство тој порача дека партиите се уште разговараат и дека би можело да биде донесен до крајот на јули, дури и ако биде поднесен во редовна постапка.