Бројни јавни личности биле жртви на сајбер насилство и лажни вести за нивната смрт, што ја вознемирува целата јавност, особено членовите на нивните семејства и пријатели. Сега истото и се случи на популарната водителка на Пинк, Душица Јаковлевиќ, која остана шокирана кога на мрежите доби бизарна вест.
„Црн понеделник во Србија, сите се збогуваат со Душица“ – гласеше насловот на лажната монструозна вест на еден портал, а Душица веднаш реагираше.
Бидејќи се работи за сериозна тема, Душица уште еднаш јавно проговори на Инстаграм:
„Секој што измислува ваква монструозна работа затоа што знае дека е срам за своите деца, дека сте срам за вашите пријатели, дека сте лоши луѓе, мизерни, бедни, ситни. Не ми е јасно како може некој да се занимава со ова заради некои ситни поени, па сакав да ти кажам, Господ нека ти е на помош со такви размислувања и такви психички нарушувања што можеш да измислуваш такви работи. Фала му на Бога, никогаш нема да знам како е да се биде толку лош човек. Жал ми е за тебе“, рече водителката, а потоа додаде:
„Замислете да се разбудите наутро и да помислите: Што би можел да смислам денес!? Да смислам дека нешто и се случи на Душица. Ако веќе си неопеано и бескрупулозно зло, тогаш немој да го правиш тоа поради твоите родители… Уште носиш нечие презиме. Ако имате деца, не правете го тоа заради децата, тие ќе го наследат вашето презиме“ – заклучи Душица.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.