Посетителите на огромниот трговски центар „Serravalle Outlet“ (Alessandria) неколку километри од автопатот Милано – Џенова – А7, во близина на Милано се евакуирани во неделата по телефонско предупредување за поставени бомби, пренесува италијанската новинска агенција Ansa.Според агенцијата, малку по 14 часот на телефонската централа на мега шопинг центарот е примен анонимен телефонски повик во кој машки глас соопштил дека се поставени бомби во центарот.Припадниците на италијанските карабинери преземала мерки на претпазливост и го спровела однапред подготвениот план за вонредни ситуации во комплексот. Во тој момент во центарот имало околу 15 илјади посетители и вработени во 180-те продавници, кои биле евакуирани мирно, без да се предизвикува паника.На местото на настанот пристигнале противпожарни екипи, возила на итната медицинска служба, припадници на специјалните единици, како и припадници на одделот за деминирање од Торино со кучиња обучени за откривање експлозиви кои до доцна ноќта ја проверуваат големата површина на трговскиот центар дали станува збор за лажна дојава.
Макфакс Посетителите на огромниот трговски центар „Serravalle Outlet“ (Alessandria) неколку кило