По земјотресот Албанија синоќа ја зафати силно невреме

Силно невреме проследено со обилен дожд, силен ветер и грмежи синоќа ја зафати Тирана и повеќе градови во централниот и северниот дел на Албанија.
Врнежите биле проследени со молњи и силни ветрови. Според мерењата на ВМС, за 10 минути имало 290 молњи. Според оваа служба, ситуацијата ќе биде ваква најмалку до денеска попладне. ВМС соопшти дека повеќе врнежи од дожд имало во Тирана, Елбасан, Круја и Драч, каде улиците наликувале на реки, а во Тирана имало и паднати дрва.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај упати апел до граѓаните без некоја поголема потреба да не излегуваат за да може побрзо да го расчистат градот.
Делови од Драч неколку часа останаа без електрична енергија, а дефектот е саниран околу 23 часот.
Ова е уште една природна непогода во Албанија по силниот земјотрес што ја погоди во саботата. Невремето дополнително ја отежнува состојбата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.