Деновиве сите балкански медиуми пишуваа за тоа дека постои некаков конфликт меѓу Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша. Овие шпекулации станаа јавни откако пејачите се одследија на Инстаграм.
Двете со години се во добри односи и заедно беа дел од жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд”. Сепак, се чини дека сега ќе има помирување и тоа токму на Божиќ.
Јелена на Инстаграм објави фотографии кои се направени претходната година, а потоа сподели слика со Марија. Тие двете поминаа време на еден настан.
Потсетуваме, новинарите еднаш ја прашаа Марија дали Јелена ѝ го честитала албумот „Dolazi ljubav“, а таа објаснила каков однос имале.
– Јелена не одговори и претпоставував дека ќе ме прашате и мене тоа. Да ставиме крај на ова засекогаш: Немам ни најмал проблем со Јелена Карлеуш, ако има, мислам дека сите треба да го знаеме тоа. Ова е мојот единствен одговор – нагласи Марија.
Јелена за време на едно интервју не негираше дека се скарале.
– Марија знае дека сум и’ лута, само се преправа, но сега нема да зборуваме за тоа, празниците се пред нас – изјави неодамна Јелена.
Јелена јавно и’ честиташе на Марија Шерифовиќ за раѓањето на нејзиниот син, кој го доби со помош на сурогат мајка.
– Сè уште не сме се слушнале, но планирам да и’ се јавам и да и’ честитам. Знаев за нејзиниот план многу пред вас и пред да ја објави добрата вест. Бидејќи јас сум единствената што не би кажала ништо дури и кога е лута, сакам јавно да и’ честитам. Знам дека ќе биде прекрасна мајка и знам колку го сакаше тоа. Верица ќе биде прекрасна баба. Заслужи да има внуче и да биде среќна – изјавила Јелена.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.