По него лудуваше цела Југославија! Дали знаевте дека Владо Калембер е од Струмица?

Владо Калембер остана симбол на Југославија, бидејќи во поранешната држава важеше за најголемиот заводник на музичката сцена, а жените обожаваа да го гледаат. Беше фронтмен на познатите „Сребрени крила“, снимаше дуети со најголемите ѕвезди, ги разоружа сите со насмевка, а денес се занимава со музика и неговиот стил не е променет.

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска (член на ДКСК) од наставен кадар откако Телма ја праша Антикорупциска за нејзин можен судир на интерес
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар на кој Ристовска се наоѓаше повеќе од десет месеци …
Кортни Кардашијан ги надмина сите, па дури и нејзината сестра Ким: Нов божиќен хит со Дедо Мраз (фото)
Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер го прославија Божиќ на интимен и романтичен начин, додека познатата инфлуенсерка изгледаше како вистински Дедо Мраз. За време на оваа посебна …

Кариерата ја започна во седумдесетите, додека врвот на славата го достигна десет години подоцна, во осумдесетите. Важеше за еден од најубавите мажи на овие простори, а ако ја погледнете неговата насмевка и денес, ќе сфатите за што зборуваме.

Тој ја основа групата „Сребрени крила“ во 1978 година, а нивните песни и денес се големи хитови. Најпозната песна што ја отпеа Владо Калембер е песната со Лепа Бреном „Југословенка“.

Пејачот денес има 70 години, а оваа информација изненади многу негови обожаватели. Роден е на 26 април 1953 година во Струмица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.