По ова никогаш веќе нема да се капам во базен

На интернет почна да кружи видео снимка на која се гледа жена како ги бричи своите нозе, додека седи на ќошот на хотелски базен, опкружена со гости кои пливаат околу неа.
На видеото може да се види жена во едноделен костим за капење како без срам си ги бричи влакната на нозете, иако околу неа има и деца.
За работата да биде уште полоша, таа бричот го мие во базенот.

Еден корисник на Редит, социјалната мрежа каде што беше објавено видеото напиша:
„Ова е многу одвратно. Замислете да голтнете малку вода…. што често се случува кога пливате… во влакна во еа.“

„Некогаш работев на јавен базен и поради некоја причина базените го извлекуваат најлошото од луѓето. После тоа искуство сигурен сум дека никогаш нема да се капам во базен“, е коментар на уште еден згрозен корисник на социјалната мрежа

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.