Трендот на раст на цената на нефтените деривати не запира.
Вчерашната одлука на РКЕ ги поскапе и бензините и дизелот, па од денес ќе се точат бензини поскапи за денар и половина, а дизелот поскапо за еден ден споредбено со минатата недела.
ЕУРОСУПЕР БС-95 се точи за 67,50 ден/лит додека ЕУРОСУПЕР БС-98, чини 69,50 ден.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска се продава по 57,00 ден/литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 46,50 ден/литар.