Taка, Шпанија ќе стане првата европска земја што ќе се приклучи на случајот што Јужна Африка го изведе пред Меѓународниот суд на правдата на крајот на минатата година, а се однесува на обвинение на Израел за кршење на конвенцијата за геноцид со офанзивата врз Газа
Откако неодамна ја призна палестинската држава, Шпанија најави дека од Меѓународниот суд на правдата ќе побара дозвола за приклучување на обвинението на Јужна Африка против Израел за геноцидот во Газа.
„Одлуката ја носиме поради тековната воена операција во Газа. Сакаме да се врати мирот во Газа и на Блискиот Исток, а за тоа да се случи, сите мораме да го поддржиме судот“,
изјави шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес.
Taка, Шпанија ќе стане првата европска земја што ќе се приклучи на случајот што Јужна Африка го изведе пред Меѓународниот суд на правдата на крајот на минатата година, а се однесува на обвинение на Израел за кршење на конвенцијата за геноцид со офанзивата врз Газа.
Мексико, Колумбија, Никарагва, Либија и Палестинците веќе побараа да се приклучат на случајот.
Судот му нареди на Израел веднаш да ја прекине воената офанзива на градот Рафах во јужниот дел на Газа, но не и врз целиот Појас Газа. Тел Авив негира дека извршил геноцид и тврди дека целта на офанзивата е уништување на Хамас по нападот на оваа палестинска милитантна група врз Израел на 7 октомври минатата година.
Барањето на Шпанија за приклучување кон обвинението против Израел доаѓа откако минатата недела официјален Мадрид ја призна Палестина. Освен Шпанија, палестинската држава ја признаа и Ирска, Норвешка и Словенија.