По скоро две децении, Абрамович се збогува од Челси

Се огласи и Роман Абрамович кој го водеше клубот 19 години. Во изјавата им посака среќа на новите сопственици.
„Минаа скоро 3 месеци откако најавив дека го продавам Челси. Во текот на тоа време тимот напорно работеше за да го пронајде вистинскиот сопственик кој би бил во најдобра позиција успешно да го води клубот во следното поглавје. Сопственоста над овој клуб носи голема одговорност. Откакот дојдов во Челси пред скоро 20 години, од прва рака сведочев што може овој клуб да постигне“, стои во изјавата на Абрамович.
Американскиот бизнисмен Боли уште на 7 мај го договори купувањето на Челси за сума од 4,25 милијарди фунти (4,97 милијарди долари) од досегашниот сопственик Роман Абрамович.
Челси беше во сопственост на рускиот олигарх 19 години и за тој период освои 21 трофеј, вклучувајќи и две титули во Лигата на шампиони.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.