Хрватската пејачка Јелена Розга е една од најпосакуваните жени од нашите простори.
Иако јавно не зборува за својот љубовен живот, таа самата не може да негира дека насекаде има додворувачи, а дека често добива љубовни понуди и од жени.
Како што тврди таа, само културно се заблагодарува на комплиментите кои ги добива, а убаво објаснува дека врската не и е приоритет за неа во овој период.
-Има многу господа кои ми приоѓаат каде и да ме сретнат, па мислам дека се уште не сме ги изгубиле вистински мажи, како што велат. Ми приоѓаат и жени, но, секако, не ме интересираат врски, искрена била Розга, па открила дека дури добивала предлози за брак од жени.
-Имаше и предлози за брак, сето тоа се комични ситуации. Моментално фокусот ми е на кариерата и снимањето на нови песни. Не сакам премногу да зборувам за мојот љубовен живот, тоа не ја интересира мојата публика. Луѓето ме сакаат поради песните, поради енергијата што си ја пренесуваме на концертите, кога се дружиме и мислам дека тоа треба да биде важно. Не знам што некому му е гајле да зборувам со кого сум во врска и кој е мојот партнер. Не е важно, објаснила пејачката.